F
Fakturivo

Центар за помош

Брзи одговори на најчесто поставувани прашања. Ако одговорот не е тука — пиши ни, се јавуваме истиот ден.

Како да издадам прва фактура

  1. Најави се на својата сметка (или отвори го бесплатниот генератор).
  2. Клик на „Нова фактура“ горе десно.
  3. Избери клиент (или додај нов директно од формата).
  4. Додај ставки — производи / услуги, количина, цена.
  5. Системот сам пресметува ДДВ, рок за плаќање и следниот сериски број.
  6. Клик на „Зачувај“ или „Преземи PDF“.

Дали Fakturivo е усогласен со македонските прописи

Да. Поддржуваме сите ДДВ стапки (0%, 5%, 10%, 18%), ослободување од ДДВ со повикување на член, ЕДБ + ЕМБС полиња, датум на промет одделно од датум на издавање, обратно задолжување (reverse charge), самофактурирање и книги на излезни и влезни фактури и пресметка за даночната пријава ДДВ-04 (месечно или тримесечно).

Кои се ДДВ стапките во Македонија

Стандардна стапка 18%, повластена 5% (храна, лекови, книги), нова повластена 10% (од 2023 за определени услуги), и 0%за извоз и определени ослободувања. Fakturivo автоматски пресметува ДДВ за секоја ставка зависно од стапката.

Што се прави со готовинско плаќање

Според Законот за регистрирање готовински плаќања, секое готовинско или картично плаќање мора веднаш да биде регистрирано во благајната. Fakturivo автоматски го прави ова — кога фактурата е означена како платена со готовина или картичка, се создава трансакција во стандардната благајна со точниот износ и број на фактура.

Како функционира магацинското работење

Поддржуваме повеќе магацини и FIFO следење на партии. При издадена фактура, залихата автоматски се намалува; при примена фактура (приемница) — се зголемува. Можеш да назначиш стандарден магацин за прием по добавувач.

Можам ли да внесам мојот логотип на фактурата

Да. Во „Подесувања → Профил на фирма“ можеш да прикачиш PNG, JPG или WebP до 1 MB. Логото автоматски се појавува на сите PDF фактури.

Колку чини

Бесплатниот генератор на фактури е секогаш бесплатен — без регистрација, без чување на податоци. Полната апликација (Pro) чини 990 МКД месечно, а првиот месец е бесплатен.

Дали се чуваат моите податоци ако откажам

Откако ќе ја откажеш претплатата, имаш 30 дена да си ги извезеш сите фактури, клиенти, производи и плаќања како CSV или PDF. По тоа сè се брише. Освен сметководствените записи кои според законот мора да се чуваат минимум 5 години — нив ги архивираме посебно и не се користат за ништо друго.

Сè уште имаш прашање?

Пиши ни на [email protected] и одговараме истиот работен ден.